Одлично вино, мезе и музика: Почнува „Вино Скоп“

Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп 2016“ од денеска до 2 октомври ќе се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ или платото пред МОБ.
„Вино Скоп“ ќе биде отворен за посетители од 12 часот, до доцните вечерни часови. Во петте фестивалски денови посетителите ќе може да дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито. Покрај виното ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.
Годинава во музичката програма ќе има џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери...
- Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде може да паркираат оние кои ќе доаѓаат со возила. Препорачуваме сите кои планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси, соопшти организаторот.
Организатор е „Темов“, а покровител е Град Скопје. Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
