Од утре почнува грејната сезона
Поради падот на температурите, од утре, 5 октомври, десет дена порано, почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се во системот на Балкан енерџи во Скопје.
- Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15. октомври ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија, наведува БЕГ.
Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
- Изминативе неколку денови, екипите вршеа континуирани ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните пречки и да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до потрошувачите, соопшти компанијата и информира дека евентуалните дефекти може да се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на линкот http://beg-
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива