Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека унапредување на образованието, образовниот процес и образовната инфраструктура, како и унапредување на стандарот на студентите е главен приоритет на Владата и најави дека како и досега ќе работат во таа насока, бидејќи, како што рече, образованието е фундаментална вредност на секоја земја. Најави и дека во таа насока во следниот период ќе има уште позитивни изненадувања за младите и за студентите.
-Ги завршуваме студентски домови. Почнуваме со изградба на нови. Мислам дека тендерот е веќе распишан. Ќе се заокружат и оние две згради за кои во моментот трае препроектирањето и кои се срам на едно време, така да го наречам. Тоа се двете згради - на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање што друго прави владата за подобрување на животниот стандард на студентите освен изградба на нови универзитети.
Образованието, потенцира, е фундаментална вредност на една земја и треба да се работи да се создадат што подобри услови.
-Образованието е фундаментална фундаментална вредност на една земја. Го подобруваме стандардот на студентите, покрај со ваучерите што ги дадовме за електронските уреди, тука се и обезбедените средства за редовна ислата на стипендии, за студентски оброк ... Така што, младите се во фокусот на оваа Влада и во наредниот период кој ќе следи ќе имаме уште добри позитивни изненадувања за младите и за студентите, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камењн темелник за изградба на универзитетски кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.
МИА
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
