Новости на „Гугл“ за „Андроид“
Кражбата на мобилни телефони e голем проблем, пa затоа „Гугл“ најави нови функции против насилно одземање уреди и за заштита на корисниците на „Андроид“ оперативните мобилни системи.
Некои од новите функции доаѓаат уште оваа година преку ажурирањата на „Андроид 10“ и подоцнежните системи, а дел ќе се добијат во склоп со „Андроид 15“. Со новостите, како заштитата од фабрички ресетирања, на крадците ќе им биде потешко да го ресетираат украдениот уред за да го продадат. Ако крадецот насилно ресетира украден уред, нема да може да го ресетира без да ги знае неговите спецификации. Тоа практично ги сведува можностите за препродажба - скоро на нула.
Кога станува збор за извлекување вредни податоци, „Гугл“ подготвува нова опција, исто така - за „Андроид 15“, која овозможува создавање личен простор во мобилниот телефон каде што може да се сокрие ПИН-кодот - за заклучување апликации со чувствителни податоци.
Некои подобрувања за заштитата на идентитетот ќе пристигнат на некои уреди уште годинава.
„Тефт детекшн лок“ користи ВИ за да го препознае наглото одземање на паметниот телефон од раката на корисникот и бегањето потоа... При такви движења, екранот на украдениот телефон сам се заклучува. Ако крадецот подолго време се обидува да го исклучи паметниот телефон - со премногу неуспешни обиди за идентификација, функцијата „Офлајн девајс лок“ автоматски ќе го заклучи екранот за да ги заштити податоците.
Ако мобилниот телефон е украден, сопственикот ќе може да го заклучи и само користејќи го својот број преку друг телефон. Сите овие новости ќе пристигнат подоцна оваа година на сите досегашни уреди со „Андроид 10“ и подоцнежни оперативни системи.
Ново на Сител
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
