Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар

Истражувачи на „Мајкрософт“ објавија дека алатката за вештачка интелигенција (ВИ) што дијагностицира болести чекор по чекор, како што прават лекарите, е повеќе од двојно попрецизна од општите лекари во решавањето на сложени медицински случаи, се наведува во студија објавена во списанието „Сајенс“ (Science).
Според студијата, моделот одредува кои прашања треба да му се постават на пациентот, како и кои прегледи и тестови треба да се извршат.
Во тоа му помага координативен систем, што го организира начинот на кој вештачката интелигенција пристапува кон проблемот, користејќи симулиран тим од клинички експерти кои соработуваат за решавање на дијагностички случаи.
Постојните модели на ВИ за медицински апликации генерално ги анализираат сите симптоми на пациентот, лабораториски резултати и скенирања истовремено, а потоа даваат дијагноза. Кога ВИ-системот го води процесот на дијагностицирање, моделот прво одлучува кои прашања да ги постави за медицинската историја на пациентот и кои наоди од физичкиот преглед се значајни.
Врз основа на добиените информации, тој одредува кои тестови треба да се извршат, ги разгледува резултатите и, доколку е потребно, нарачува дополнителни тестови.
МИА
Ново на Сител
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
