Новиот градоначалник на Гази Баба се откажа од користење на службено возило
По примерот на новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов и новозибраниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се откажа од користење на службено возило како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.
Веста за ваквата одлука ја соопшти градоначалникот Стефковски на Фејсбук.
„Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните." - напиша Стефковски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
