Нови протести во Полска околу уставната криза

Мноштво луѓе денеска се собраа пред зградата на полскиот Уставен суд да го изразат својот протест против владината реформа што ја парализира работата на оваа судска институција, пренесоа американските медиуми.
Протестот во Варшава е организиран од опозициската партија „Новочесна“ (Модерна), за да се покаже поддршката за Уставниот суд и да се поттикне владеачката партија "Право и правда" да ги повлече законските измени.
Протести, исто така, имаше и во градовите Вроцлав и Позњан.
Владата соопшти дека и натаму одбива да ја спроведува (обнародува) одлуката на Уставниот суд против нејзините закони. Одбивањето на Владата да ја спроведе одлуката на судот не дозволува таа да стане правосилна. Овој владин потег ја продлабочува уставната криза во Полска, а денешното соопштение на Владата покажува дека нема изгледи за надминување на ова спорно прашање.
Венецијанската комисија на Советот на Европа вчера соопшти дека демократијата во Полска е под закана од актвиностите кои го парализираа Уставниот суд. Според неа, одбивањето за спроведување на одлуката на судот е „во спротивност со владеењето на законот“ и може „уште повеќе да ја продлабочи уставната криза“.
Владата соопшти дека мислењето на Венецијанската комисија ќе биде испратено во Парламентот за сите политички партиии да можат да побараат решение.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
-

Гасот надмина 100 евра за прв пат од 2022 година, ЕСМ преговара за поевтино снабдување
