-->
-->
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-->
Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. По несреќата, возилото се запалило, при што од страна на полициски службеници било интервенирано и огнот било изгаснат.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР