Ниските температури предизвикуваат проблеми на делови на водоводната мрежа во Штип

Штипското комунално претпријатие „Исар“ поради ниските температури има проблеми со замрзнување на водоводните цевки и водомерите во домовите на граѓаните.
Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Ангел Бојаџиев вели дека поради замрзнатите цевки имаат послаб притисок на вода жителите во приградската населба Стар Карорман, а во населбата Шарадаван Баши имаат дефект, кој што екипите го отстрануваат. Ниските температури проблеми и прави и на водоводната мрежа во населбата Сењак и централното градско подрачје. Тој апелира граѓаните да не ги вклучуваат чешмите и да ги оставаат во текот на ноќта. Забележана е потрошувачка на водата како во текот на летниот период.
- Голем апел до сите граѓани на град Штип да не ги остваат чешмите преку ноќта вклучени, бидејќи влезот на вода и излезот се скоро исти како во летно време, да не се доведеме во ситуација градот да остане без вода. Апелирам до сите граѓани максимално да ја штедат водата и да најадат други начини да ги заштитат своите водомери и цевки, како што е поставување на разни материјали, како што е стиропор или крпи да ги заштита водомерите, вели Бојаџиев.
Ново на Сител
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
