НАТО изрази загриженост поради јакнењето на руското воено присуство во Сирија

Командантот на НАТО силите за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изрази загриженост поради јакнењето на руските воени сили во северозападниот дел на Сирија и формирањето на одбранбен „меур“ во Средоземно Море.
Бридлав вчера во Вашингтон изјави дека Русија испратила понапредно оружје од тоа што е потребно за борба против групата Исламска држава.
Според него, целта на распоредувањето на таков вид на оружје е да се заштити сирискиот претседател Башар ал Асад.
Бридлав истакна дека станува збор за напредно против воздушно оружје, додавајќи дека нема видено припадници на ИД кои летаат во авиони за чија одбрана се потребни такви ракети.
Пентагон објави дека Русија испратила најмалку 500 војници заедно со борбени авиони, артилериски единици, тенкови и друга воена опрема на аеродром во регионот на Латакија на сириското крајбрежје на Средоземно Море.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
