НАТО изрази загриженост поради јакнењето на руското воено присуство во Сирија

Командантот на НАТО силите за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изрази загриженост поради јакнењето на руските воени сили во северозападниот дел на Сирија и формирањето на одбранбен „меур“ во Средоземно Море.
Бридлав вчера во Вашингтон изјави дека Русија испратила понапредно оружје од тоа што е потребно за борба против групата Исламска држава.
Според него, целта на распоредувањето на таков вид на оружје е да се заштити сирискиот претседател Башар ал Асад.
Бридлав истакна дека станува збор за напредно против воздушно оружје, додавајќи дека нема видено припадници на ИД кои летаат во авиони за чија одбрана се потребни такви ракети.
Пентагон објави дека Русија испратила најмалку 500 војници заедно со борбени авиони, артилериски единици, тенкови и друга воена опрема на аеродром во регионот на Латакија на сириското крајбрежје на Средоземно Море.
Ново на Сител
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
