Намален бројот на невработени лица

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти.
Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени.
Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот Градежништво.
Според Државниот завод за статситика, активното население брои 797 884 лица од кои вработени се 707 385, а невработени 90 499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.
МИА
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
