Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.
- Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота (06.06) и в понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме - најави УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
