На Карневалот во Венеција викендов се одржа водената поворка на чамци по Големиот канал
Во својата прва седмица, Карневалот во Венеција беше одбележан со традиционалната водена поворка на чамци по Големиот канал. Настанот беше предводен од препознатливата гондола со Пантегана-стаорец од хартија, долга седум метри на чело, којшто стана своевиден симбол на популарниот италијански Карневал.
Сред „туш“ од конфети и балони, над сто чамци со весли, богато украсени и управувани од маскирани веслачи, се сретнаа во Пунта дела Догана околу 11 часот, па се упатија кон мостот Ријалто. Пловејќи по можеби најпознатата водена патека во светот, поворката им овозможи на присутните автентичен спектакл на бои и традиција, што кулминираше со празнична кореографија кај Ријалто, пред големата прослава во месноста Ербарија.
Сите три веслачки групи се истакнаа по својата оригиналност и креативност со нивните костими. Тие ги претставуваа „Пчелите“ на веслачката група Ремијера Кастео, „Пингвините“ на Мурано и „Гранчи блу“ од Вого Венето Местре.
Ново на Сител
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети