МВР го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција
Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров “ ќе се одржи централната прослава по повод одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.
Во рамки на зафатите за осовременување и модернизација на условите за работа на полицијата и другите припадници на МВР се работи на реконструкција или реновирање на објектите на СВР Куманово, на Полициското одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работи и на Одделението за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената