МПЦ-ОА апелира за мир и договор за надминување на кризата
Македонската православна црква во однос на случувањата во змејата повика на воздржување од дејства кои ја загрозуваат државната, безбедноста на луѓето, а до политичарите, партиите и институциите апелира да го покажат своето родољубие и конечно да се договорат во духот на правдољубието за доброто на сите.
- Во деновите на Велигденскиот пост, периодот кој од Бога е даден за особено стекнување на добродетелите што треба да го красат секој човек, а за отргнување од лоши дела и постапки, Македонската православна црква повикува на смирение, добра волја и меѓусебна љубов. Повикува на воздржување од дејства кои ја загрозуваат државната, но и безбедноста на луѓето, на домот, на семејството, на сите воопшто. Апелираме до политичарите, партиите и институциите да го покажат своето родољубие и човекољубие и да ја оправдаат дадената доверба. Крајно време е да се договорат во духот на правдољубието за доброто на сите! А тоа најдобро ќе го направат во мир и со покајание, со барање и давање прошка, со искрено подавање рака – онака како што им доликува на вистински браќа, се посочува во соопштението од МПЦ-ОА.
Воедно се посочува дека оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме слободата и нашата татковина Македонија.
- Со жалење мораме да констатираме дека сите сме жртви на туѓи желби и на интересите на малкумина. Нам секогаш ни се случува тоа – нашето неединство да се употребува против нас самите! Како најмногу да размислуваме на тоа - како да му се наштети на оној што поинаку мисли! И оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме слободата и нашата татковина Македонија - платени со бројните жртви на нашите предци, кои во аманет ни ги предадоа да ги чуваме не само за нас, но и за следните генерации. Не смееме да дозволиме државата, нашиот заеднички простор, да стане сопственост на оние чии интереси се судруваат на улиците, во институциите, низ населените места, како што се случуваше при вчерашните настани, се вели во соопштението на МПЦ-ОА.
Само така, сплотени и единствени, достојно ќе го дочекаме најголемиот христијански празник – Велигден, порачуваат од МПЦ-ОА.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки