„Млади жени доаѓаат со надеж да забременат“ - лековитата вода од скопско Катланово развесели многу семејства

На само 20 километри од центарот на Скопје се наоѓа селото Катланово каде што се допираат медитеранската клима од југ и умерената континентална клима од север.
Многу од луѓето веруваат дека водите кои течат од чешмите во Катланово имаат различна исцелителна моќ, наводно помагале за лечење на бубрезите, очите, но и за брачните двојки кои немаат деца...
Со полни шишиња и надеж дека оваа вода ќе им помогне се враќаат во своите домови..
Бидејќи Катланово изобилува со лековити извори се упативме кон оној извор за кој се верува дека е лек за очите. Секојдневно оние кои имаат проблеми велат дека доаѓаат тука да се помолат на господ да им помогне и да наполнат од водата. Оваа вода е малку поразлична од другите бидејќи премногу пече велат оние кои го "вкусиле" нејзиното исцелувачко дејство Недалеку од Катлановската бања во срцето на високи карпи има уште еден извор за кој луѓето веруваат дека има лековита и исцелувачка моќ, а меѓу народот е познат како Савината чешма изградена во 1997 година од рацете на една религиозна бабичка по име Елизабета.
Ја посетивме и ни раскажа како секојдневно врвулица од луѓе доаѓаат да го посетат изворот да се помолат на Бог за помош и да наполнат вода. Се верува дека токму водата од овој извор лекува главоболки, болки во очите, брадавици, помага на душевно болните и на брачните двојки кои немаат деца. Чудно е колку едно мало село лоцирано во близина на главниот град носи разни вистинити приказни, многу извори кои се верува дека излечиле , и природни богатства кои се вистински рај и мелем за очите и душата.
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
