Мис Турција ја изгуби круната поради навреда на жртвите од пучот во 2016

Етер Есен, која победи на натпреварот Мис Турција 2017, синоќа беше лишена од круната и титулата неколку часа подоцна. Причината, според организаторите, е нејзината стара порака на Твитер, поврзана со обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
„Со жалење ве известуваме дека таков твит навистина беше објавен од Етер Есен и не е можно организаторите на Мис Турција да ја поддржат таквата порака кога станува збор за претставување на Турција и нејзиниот имиџ кон светот", се вели во официјалното соопштение. .
Несудената победничка на Инстаграм рече дека таа не правела политички изјави: Мислам, како 18-годишно девојче немав политички цели кога ја напишав оваа порака.
Таа ги отстрани фотографиите од натпреварот од нејзините профили од социјалните мрежи.
Во твитот таа напишала: Утрово го добив месечниот циклус, за да го празнувам 15 јули, Денот на мачениците. Го празнувам со крв, како крвта на нашите маченици.
Новата Мис Турција, која ќе ја претстави својата земја на натпреварот „Мис на светот“ во Кина е Асли Сименс.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
