Министрите од арапските земји бараат итен прекин на непријателствата во Газа
Министрите за надворешни работи на неколку арапски земји и Турција денеска во Вашингтон повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и апелираа до САД да ја поддржат резолуцијата на ОН за хуманитарен прекин на огнот, пренесе Бета.
- Нашата порака е дека веруваме дека е апсолутно неопходно веднаш да се запрат борбите, рече саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, во име на групата, повикувајќи го Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за хуманитарен прекин на огнот во Газа.
Тој изрази жалење што се чини дека крајот на конфликтот не е „приоритет на меѓународната заедница“.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека решението е прекин на огнот, а неговиот јордански колега Ајман Сафади изрази уверување дека „приоритет број еден е да се запре агресијата“.
Тој предупреди дека Израел ќе има одврзани раце да „продолжи со масакрот“ доколку ОН не ја усвојат резолуцијата.
Делегацијата, во која членуваат министри од Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија и палестинските власти, подоцна денеска ќе биде примена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Саудискиот министер изрази надеж дека американските партнери ќе направат повеќе и уверување дека можат да направат повеќе за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Ново на Сител
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите
-
Албанец со автомобил пробал да прошверцува 21 килограм свежа пастрмка во државава