Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ

Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи в петок во Енкориџ, Алјаска, соопшти денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција објави дека в петок наутро, претседателот Трамп ќе отпатува во Енкориџ, Алјаска, на билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Таа навести дека постојат планови Трамп да ја посети Русија во иднина.
-Само една страна што е вклучена во оваа војна ќе биде присутна, па затоа претседателот треба да оди и повторно да стекне поцврсто и подобро разбирање за тоа како, се надеваме, можеме да ја завршиме оваа војна. Ова е вежба за слушање за претседателот. – изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Трамп утре ќе учествува во виртуелни разговори за Украина пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин в петок, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа.
Германија вчера соопшти дека за утре свикува серија видеоконференции на највисоко ниво за подготовка на самитот, вклучувајќи една меѓу европските лидери.
МИА
Ново на Сител
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
