Министерот Јолевски се сретна со студенти од Универзитетот Станфорд

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска оствари средба со група студенти и професори од Универзитетот Станфорд во САД, кои престојуваат во посета на Македонија.
На средбата, соопшти Министерството за одбрана, станало збор за безбедноста и миграциите, со посебен осврт на Република Македонија и нејзиниот придонес кон стабилноста на регионот и Европа.
Министерот Јолевски посочил дека Македонија како сериозен член на меѓународната заедница со своите потези влијаеше на намалување на последиците на мигрантската криза која започна во 2015 година.
- Армијата на Република Македонија, како поддршка на македонската полиција успешно се справи со обидите за илегална миграција. Нашата заложба уште од самиот почеток на кризата беше и сè уште е државите кои се засегнати од неа да бидат постојано во комуникација и координација. Она што треба да го направиме како дел од оваа меѓународна криза е уште повеќе да ја развиеме меѓусебната соработка, на секое ниво, државно и институционално, рекол Јолевски на средбата.
Големата успешност на припадниците на Армијата, истакнал министерот, се должи, првенствено на нивните способности стекнати преку големиот број вежби со земјите-членки на Алијансата, но и на исклучително значајното искуство од учеството во мировните мисии.
- Македонија повеќе од една декада активно придонесува кон меѓународните мировни мисии, првенствено во ИСАФ во Авганистан, а потоа и во АЛТЕА во Босна и Херцеговина, УНИФИЛ во Либан, како и во новата мисија на НАТО во Авганистан, Одлучна поддршка. Квалитативно мисијата на припадниците на АРМ, особено во мисијата Одлучна поддршка се промени, со тоа што денеска придонесуваме со многу поголем број штабни офицери во командата на регионот Кабул и тоа е многу значајно за развојот на офицерскиот кор на АРМ, навел министерот Јолевски на средбата.
Студентите и професорите од Универзитетот Станфорд во тек на престојот во Македонија имаа средба и со професори од Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје, а утре е предвидено да се сретнат и со дел од амбасадорите во државава.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
