-->
-->
Мицкоски: Новиот увоз на струја е за 4 дена, а ЕСМ за овој увоз ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра
-->
Продолжува увозот на струја, продолжуваат „хероите” на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со „херојските” авансни провизии.
Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8ми до 11ти Декември, а ЕСМ за овој увоз “херојски” ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000€.
Од 7ми Ноември до 11ти Декември или за само 35 дена потрошени се вкупно 36.688.848€ за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и “херојски” делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1ви Ноември за да проработи Битола 3 уште не е ни во Македонија.
Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност!, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија