Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика

Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај.
Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската Теснина, нагласи дека повторно сме пред предизвици за цените на горивата.
- Ние сето тоа го антиципираме. Кризната состојба е до 20 јули. Мислам дека веќе се исполнети условите од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за безоловниот и за дизелот - изјави Мицкоски.
Според него, потребно е денеска да се затворат берзите и да се направи анализа за првите 15 дена.
- Остануваме посветени на таа политика. Имаме убедливо најниска цена на горивото. Некој ќе рече „ама платите кај нас какви се, во Германија какви се“. Да, ама цената на горивата е од берза, од таму каде што купува Германија, купуваме и ние. Не купуваме ние од друго место, ние немаме во двор извор на нафта, па од тој извор на нафта да ги полниме резервоарите на нашите автомобили. Прашањето е зошто е таму двапати поскапо? Зошто во Албанија е 70 % поскапо? Зошто во Грција е речиси двапати поскапо? Зошто во Србија е 50 % поскапо? Тоа се политиките на оваа Влада во насока на подобар стандард за граѓаните - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
-

Ставањето коцка мраз на задниот дел од вратот може да помогне во намалување на анксиозноста за неколку минути
-

Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена
