Македонија
9. August 2026 - 16:30

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани

Мерки на претпазливост за 46-годишниот арачиновец кој со пресекување на патот моторот, без контакт учествувал во сообраќајката во Радишани во која загина 19-годишен Никола Макрачевски. Осомничениот, за кој истражните органи увиделе дек учествувал во сообраќајката дури откако ги прегледале околните безбедносни камери, нема да смее да го напушти живеалиштето, а одземени му се пасошот и возачката дозвола. 

Од улицата 18 се приклучил на улицата Радишанска. Крстосницата нема сообраќајни знаци, но 46-годишникот со својата „сеат алтеа“ свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивната насока. Со тоа го пресекол патот на моторциклот кој во обид да избегне директен судар преминал во спротивната лента кадешто директор удрил во „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки. ,

- Од силината на ударот моторциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот „алфа ромео“, велат од Обвинителството.

Наместо да застане и да се обиде да помогне, возачот на „сеатот“ се дал во бегство. Тој морал да го почитува правилото на десна страна, вели вели поранешниот началник, Љубомир Ѓурчевски.

Возачот на „сеатот“ ќе одговара за две дела – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа. Доколку биде прогласен за виновен, би можел да заврши до шест години во затвор.