Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата.
Според „Мета“, во периодот од 4 до 11 декември биле отстранети вкупно 544.052 профили за кои било проценето дека припаѓаат на корисници под 16 години. Од нив, 330.639 биле на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“, а 39.916 на платформата „Тредс“.
Со новиот закон, кој стапи во сила на 10 декември, на лицата под 16 години им е забрането да имаат сопствени профили на 10 големи социјални мрежи, меѓу кои „ТикТок“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“.
Компаниите опфатени со законот добија рок од една година за воведување мерки за проверка на возраста, а прекршувањата ќе се казнуваат со високи парични казни, до 49,5 милиони австралиски долари (околу 33 милиони американски долари).
„Мета“ соопшти дека континуираното усогласување со законот ќе биде „повеќеслоен процес“, кој компанијата ќе продолжи да го унапредува. Сепак, во објава на својот блог, компанијата повторно изрази загриженост околу утврдувањето на возраста на корисниците на интернет без унифициран индустриски стандард.
„Како што и претходно изјавивме, Мета е посветена на исполнување на своите законски обврски и ги презема неопходните чекори за да остане усогласена со законот“, се наведува во соопштението.
Компанијата ја повика австралиската влада на „конструктивен дијалог со индустријата“ за да се изнајде подобро решение, како што е поттикнување на сите компании да обезбедат побезбедни и соодветни онлајн искуства за младите, наместо воведување општи забрани.
„Мета“ оцени дека продавниците за апликации треба да бидат задолжени да ја проверуваат возраста и да бараат согласност од родителите пред децата да можат да преземат апликација, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за доследна и сеопфатна заштита на младите корисници.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
