Материјална штета по земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во Грција
По силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала што напладне беше регистриран во централна Грција, материјална штета претрпеа најмалку две цркви, едно училиште и неколку објекти во грчките села во близина на епицентарот, а нема информации за повредени или жртви, јави дописничката на МИА од Атина.
За час и половина следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.
Жителите на Лариса и околните места се вон нивните домови, а со одлука на периферијата затворени се училиштата во целиот регион.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека се мобилизирани сите спасувачки екипи, додека пак по наредба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, владин тим се упатува кон регионот во кој се случи земјотресот.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје