-->
-->
Масовно користење на субвенциите мегу земјоделеците од Кочанско
-->

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Кочани излезе со информација за искористеноста на субвенциите по повеке основи и мерки од страна на земјоделците од регионот што ги опфаќа општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево.
- Најголем интерес минатата 2015 година земјоделеците од регионот пројавиле за користење на мерката за растително и сточарско производство за што се поднесени 3.205 барања, потоа за користење на финансиската подршка за произведено и продадено млеко прва фаза-330 барања, втора фаза-372 барања и за истата мерка трета фаза 434 барања. Земјоделците се интересирале и за мерката градинарско производство предадено во домашни преработувачки капацитети за што поднеле 120 барања, додека за осигурување на примарното земјоделско производство поднеле 45 барања, информира Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерствоито за земјоделство, шумарство и водстопанство во Кочани.
Според Димитров за успешно функционирање на системот за Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделсство во Кочани, внесени, обработени и целосно дигитализирани се околу 5.500 семејни земјоделски стопанства во единствениот регистар на земјоделски стопанства со околу 1.000 барања за промена во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
