Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници
Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидени се средби со еврокомесари и европратеници на кои ќе се разговара за реформските процеси во земјава, европските реформи со фокус на оние во ресорот правда.
За време на посетата, како што соопшти Министерството за правда, предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова, европратениците Андреас Шидер, Тања Фајон, Јуан Фернандо, Желјана Зовко, Катарина Барли, Ирена Јовева и Владимир Биличиќ.
Дополнително предвидена е средба со известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.
Министерот Маричиќ во Брисел ќе учествува и на видео настан во организација на Центарот за европска политика (ЕПЦ) каде ќе зборува за европските перспективи на Македонија и владеењето на правото, стои во соопштението на Министерството за правда.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина