Малезискиот премиер ќе го тужи „Волстрит џурнал“

Mалезискиот премиер Наџиб Раџак денеска изјави дека ќе го тужи весникот „Волстрит џурнал“ поради вчерашниот текст во кој весникот пишува дека Разак од државниот Фонд за развој на Малезија на свои лични сметки добил над 700 милиони долари. Угледниот американски весник, кој има и голем тираж во Азија, објави документи за банкарски трансфери, направени преку неколку агенции и банки од Куала Лумпур, но малезискиот лидер пишувањето го оцени како „политичка саботажа“.
Сегашниот премиер го обвини својот претходник Мохатир Мохамад дека бил изворот на неточните податоци. Тој се повика и на официјално соопштение на Фондот за развој на Малезија кој пред пет дена соопшти дека наводниот трансфер на сметките на Разак биле само шоекулација на опозицијата и на екс премиерот Махатир Мохамад, кој бара оставка на сегашниот претседател на владата.
Наџиб Разак се закани и со тужби за лицата кои во Малезија го обвинуваат за корупција.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
