Макрон понуди помош за дијалогот меѓу Ирак и Ирачки Курдистан

Францускиот претседател Емануел Макрон понуди посредништво во дијалогот меѓу ирачката Влада и Ирачки Курдистан, којшто бара независност.
Тој тоа го изјави по состанокот со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Париз, одржан денеска. Фокусот на средбата беше ставен на француската поддршка за борбата против Исламска држава, како и на обновата на ирачката економија.
Макрон притоа нагласи дека Франција и други западни држави се загрижени за ситауцијата со Курдите по минатомесечниот референдум и додаде дека Франција ја поддржува стабилноста и територијалниот интегритет на Ирак. Тој натаму ја истакна и важноста на „националното помирување“ и наведе дека Франција моментно има блиски релации со Курдите.
Францускиот претседател смета дека „дијалогот е единствениот пат“ и оти „Франција е подготвена за активно учество како посредник“.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
