-->
-->
Македонија во група со Италија, Хрватска и Шведска
-->

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство. Македонија ќе игра Х-групата заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска.
Ова е епилогот по денешната ждрепка на која беа поделени 32 земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство.
Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство.
Првите два натпревари од евро-квалификациите ќе бидат одиграни во ноември потоа следи пауза до февруари 2018 година кога ќе се одиграат два натпревари, а финалните квалификациски натпревари ќе бидат одиграни во ноември 2018 година.
Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шесте најдобри второпласирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
