Летен камп „Михајлово" за деца од загрозени семејства

Ученици од основните школи во Кавадарци до 5 август ќе престојуваат на одмор во Михајлово на планината Кожув. Летниот камп почнува утре, а вклучува 19 деца со добар успех во учењето кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Кампот го организира Општината преку Советот за превенција од малолетничко престапништво, со финансиска поддршка на седум кавадаречки фирми и поединци.
- Во соработка со бизнис заедницата сакаме да ги наградиме овие ученици со седумдневен престој во оморалиштето Михајлово, информира локалната самоуправа.
Според Костадинка Лалкова, секретар на Советот за превенција од малолетничко престапништво, изборот на децата кои ги исполнуваат критериумите го извршија стручните служби во училиштата преку педагозите и психолозите.
- Целта на Советот е да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности, да ги тргне од можниот ризик и лошото поведение и воедно да ги награди за нивниот добар успех. Се надеваме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и другите ученици да го следат нивниот пат, нагласи Лалкова
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
