61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили

Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на цела држава насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.
При спроведената контрола алкотестирани се 772 возачи, при што кај 61 возач е утврдено присуство на алкохол во организмот. Од нив, 14 возачи сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 %.
Во рамки на контролата, на 58 возачи им се одземени возачките дозволи, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се и две моторни возила.
Дополнително, констатирани се и 125 прекршоци од друг вид.
Против сите возачи кај кои се утврдени прекршоци и кривични дела преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски контроли и апелира до возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол. Возењето под дејство на алкохол сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот и може да доведе до тешки последици по животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
