-->
-->
Легализирани 53 дивоградби во Кисела Вода
-->

Нови 53 решенија за легализирани дивоградби се денеска доделени во општина Кисела Вода, со што вкупно се решени 5.183 предмети 37 отсто од пристигнатите 13.853 барања за легализација.
Од Општина Кисела Вода информираат дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат изнесува 3.724. Изготвени се уште 207 урбанистички согласности, од кои, за 176 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
