Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.В.(39), Е.Р.(30), С.М.(39) и 17-годишник од Скопје, Р.М.(24) од Битола, 42-годишната Џ.В. и Љ.Р.(64) од демирхисарско, 18-годишната М.А. и Ј.Д.(22) од Прилеп и Ј.С.(36) од кочанско. Исто така, лишен од слобода е и М.К.(40) од Македонски Брод бидејќи возел под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
