-->
-->
Кривични пријави против 2 лица за разбојништво
-->
Две лица на возраст од 22 и 23 години се приведени за разбојништво во заложна куќа од каде одземале 300 000 денари.
Со закана од пиштол првопријавениот скопјанец со инцијали К.Р одзел од сефот 120 000 денари, а вториот Н.Н го одзел остатокот. Полицијата ги пронашла додека бегале кон селата Шишево и Грчец.
Кај првопријавениот се пронајдени и одземени пиштол марка Пиетро Берета, маска, кацига и пари кои полицијата ги вратила на оштетениот.
Во разговор во полициска станица двете лица го признале разбојништвото и откриле дека сториле уште 2 кривични дела разбојништво. Едно од тие е и разбојништвото на бензиска пумпа во Сарај на 11 септември каде маскирани влегле и под закана краделе од касата.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата