-->
-->
Кожув очекувано подобар од Бест
-->
Екипата на Кожув славеше очекувана победа над Бест во првиот натпревар од 12.коло на Првата македонска кошаркарска лига.
Локалното гевгелиско градско дерби, го доби Кожув со 82-69 по четвртини 27:24, 9:20, 24:11 и 22:14, со што ја оствари својата шеста победа сезонава. Во редовите на победникот најефикасен беше Александар Шрерјов со 21 постигнати поени, додека Американецот, Брендон Пен имаше дабл-дабл од 15 поени и 14 скокови.
Кај Бест, за кој ова беше и дванаесетти пораз во исто толку одиграни средби најефикасен беше Тајрон Харис со 33 поени.
Во останатите натпревари од ова коло, кои се предвидени за претстојниот викенд ќе играат: Работнички - МЗТ Скопје Аеродром, Куманово – Струмица и Фени Индустри - Карпош Соколи.
Табела: Карпош Соколи 9-2 (победи-порази), МЗТ Скопје 9-1, Кожув 6-6, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Работнички 5-6, Струмица 3-7 и Бест 0-12
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци