Македонија
7. April 2016 - 14:09

Конференција за слободата на говорот и изразувањето

Конференција „Поддршката од ЕУ за слободата на говорот и слободата на изразувањето“ се одржува денеска во Скопје како последователен настан на регионалната „Speak Up“ конференција што во ноември лани се одржа во Брисел. 

Целта на конференцијата, која се одржува со поддршка на Проектот на ЕУ за техничка поддршка за граѓанските организации на (ТАКСО), е да ги мотивира граѓанските организации да се ангажираат активно во јавната дебата поврзана со слободата на на изразување, медиумските реформи и слободата на говорот. 

Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека по синоќешните настани, кога опозицијата најави бојкот на предвремените парламентарни избори го погледал својот говор, и сфатил дека сепак нема што да промени во него. Оценката е дека состојбата со слободата на говорот и слободата на изразувањето ситуацијата денеска не е добра.

- Слободата на изразување и медиумското опкружување и понатаму останува сериозен предизвик, истакна Орав. Предизвиците, како што кажа евроамбасадорот, значат немање на избралансирано и правично известување, сопствено цензурирање на новинарите, кои немаат исто така целосен присто до јавни информации, независност на регулаторното тело не е запазено, финансирањето на медиумите не е доволно транспаретно, известувањето на Јавниот сервис не е адекватно, а заедницата на новинарите е поделена. 

Зборувајќи за искуствата со македонските судови во случаи со слободата на говорот и на изразувањето, адвокатот Лазар Сандев истакна дека скопскиот Основен суд е на задачата, но оти и самите новинари треба да ги почитуваат стандардите. Но како еден од проблемите го посочува пренесувањето информации од прес-конференција. Го посочи случајот со неделникот Фокус и дилемата како новинар да провери информација од носител на јавна функција. Сандев смета дека исто така се интернет порталите, кои не се опфатени со Законот за медиуми.  

Директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски укажа на говорот на омраза на интернет порталите, но исто така зборуваше и за активностите на Агенцијата во однос на прашања поврзани за тематаи за досега изречените опомените за говор на омраза, посочувајќи на случаи кога реагирале во изминатите десет години. 

На конференцијата официјално беа промовирани и неодамна започнатите проекти финансирани од ЕУ за поддршка на слободата на изразување и слободата на медиумите.