Клима уреди за детското одделение во болницата во Кочани донираше бизнис секторот
Детското одделение во Општата болница со проширена надлежност во Кочани доби нови инвертер клима уреди што ги донираше компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“.
Опремени се сите соби на одделението што располага со 20 легла и каде медицинска грижа добиваат најмладите не само од општина Кочани, туку и од соседните општини во источниот регион.
– Во рамки на одбележувањето на шестогодишнината од основањето на нашата компанија, менаџерскиот тим едногласно го прифати барањето од болницата за подобрување на условите на детското одделение. Клима уредите ќе можат да се користат и во летниот и во зимскиот период со што ќе се создадат попријатни можности за прстој во болничките соби, истакна Десанка Јованова од компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“.
За половина година Општата болница добива втора поголема донација од локалниот бизнис сектор, откако во текот на летниот период Ротари клубот Кочани – Виница донираше 50 болнички кревети за одделенијата во здравствената установа.
Од болницата се заблагодарија за помошта и ги повикаа и останатите општествено одговорни компании да помогнат во подобрувањето на техничките услови, пред се во набавка на постелнина и облека за персоналот, како и друга медицинска опрема.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога