КХВ го одобри барањето на Стопанска банка АД Битола за прва емисија на корпоративни обврзници
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска го одобри барањето на "Стопанска банка" АД Битола за издавање прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.
Како што информираат од Комисијата за хартии од вредност станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име.
Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30 отсто од основната главнина на "Стопанска банка" АД Битола.
Обврзниците ќе бидат јавно понудени преку Берза, согласно моделот на одредување минимална цена, при што приоритет ќе се дава на налози со повисока цена, поголема количина и порано време на внес на налогот.
Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што "Стопанска банка" АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.
Ново на Сител
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци