Катастарот отвори канцеларии во Чашка и Македонска Каменица

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, отвори две нови канцеларии во Чашка и во Македонска Каменица.
Граѓаните од овие населени места од почетокот на август повеќе немаат потреба да одат до соседните поголеми градови за да ги регулираат или остварат своите права од областа на катастарот на недвижности.
Од Катастарот појаснуваат дека покрај интернет опцијата, тие сега ќе можат да добијат имотен лист во овие канцеларии на АКН. Во канцелариите ќе се работат и други катастарски работи, ќе се врши запишување права на недвижностите и слични други активности од областа на геодезијата, односно од катастарот на недвижности.
Досега, граѓаните на Чашка патуваа и повеќе од 15 километри, за да ги добијат овие услуги во Одделението за катастар во Велес, додека пак граѓаните на Македонска Каменица патуваа до Делчево, оддалечено 24 километри.
Според Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на овој начин ги приближува услугите до голем број граѓани кои гравитираат кон овие средини, затоа што еден од приоритетите на Агенцијата е да работи и функционира во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
