Каселакис: Луѓето од подрачјата погодени од поплавите се оставени сами, без никаква помош
Луѓето се оставени сами, немаат никаква помош, порача новиот претседател на грчата опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис за време на неговата посета на областа Тесалија и градот Волос, подрачјата погодени од поплавите, јави дописничката на МИА од Атина.
Каселакис посети поплавени домови, поразговара со граѓаните, кои претрпеа материјална штета, а според видеата што самиот ги објави на социјалните мрежи, жителите на погодените подрачја детално го информирале за проблемите со кои се соочуваат.
-Знам дека знаете да преживеете, но треба државата да ви помогне да преживеете полесно, државата има морална обврска, ѝ рече лидерот на СИРИЗА на жителка на областа Тесалија.
Преку социјалните мрежи упати апел до државата да им помогне на луѓето, но и истакна дека реченицата што ја слушнал секаде е дека никој досега не ги посетил за да ја види ситуацијата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест