Кацарска: Пратениците да го почитуваат Уставот
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска повтори дека состојбата во Судот е алармантна, затоа што веќе неколку месеци е доведено во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав и им порача на пратениците да го почитуваат Уставот.
– Сега веќе се работи за голем број предмети. Секако дека бројката преку 30 предмети и состојбата во Уставниот суд веќе е алармантна. Токму во оваа ситуација би сакала само да наведам дека јас верувам оти пратениците го познаваат Уставот, верувам дека ја знаат содржината на член 51 став 2 од Уставот согласно која секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Токму затоа би им порачала на пратениците – почитувајте го Уставот!, рече Кацарска одговарајќи на новинарско прашање пред настанот по повод 30 години Царинска Управа и Денот на Царината.
На прашањето дали има добиено одговор на писмата што ги упати до собранискиот спикер Талат Џафери во кои бара да се изнајде начин да се изберат четворицата судии и да се комплетира Судот, Кацарска одговори дека нема никаква информација и дека тоа што го знае јавноста го знае и таа.
– Уставниот суд вчера ја одржа дванаесеттата седница за 2022, на која присуствуваа сите вкупно пет судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение, поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред, соопштија од Уставниот суд.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
