Јоханес Хан во посета на Сараево
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска ќе допатува во посета на Сараево, каде со босанските лидери ќе разговара за реформите и процесот на евроинтеграција на Босна и Херцеговина.
Според оценката на сараевскиот весник „Дневни аваз“, Хан практично доаѓа во „инспекција“ со цел да се увери до каде стигнала БиХ на патот на исполнување на обврските што произлегуваат од т.н. реформска агенда.
Една од главните теми на средбите на Хан со неговите домаќини ќе биде Прашалникот на Европската комисија, чие исполнување е еден од клучните услови земјата да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Краен рок за одговор на Прашалникот е 15 декември.
Покрај тоа, Хан и неговите домаќани ќе разговараат и за законот за акцизи и за државниот буџет на БиХ за 2018 година.
Се очекува еврокомесарот на боснаските лидери да им ја пренесе и пораката од Брисел дека пресудите на Хашкиот суд мора да се почитуваат и дека тие не смеаат да влијаат на односот кон реформите и европскиот пат на БиХ.
На крајот на дводневната посета, Хан утре ќе ја пушти во употреба новата заграда на Јавното обвинителство на БиХ, за чија изградба ЕУ обезбеди средства во висина од околу 1,4 милиони евра.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот