Ирачки шиитски милитанти презедоа стратешки важен град на границата со Сирија

Ирачката шиитска паравоена формација Сили за народна мобилизација денеска соопшти декја нејзини борци „целосно го ослободиле“ стратешки важниот град Бааџ на ирачката граница кон Сирија.
Командата на оваа милитантна формација информира дека преземањето на Бааџ, кој досега беше под контрола на групата Исламска држава (ИД), е извршено во рамки на офанзивата на ирачките безбеносни сили и нивните сојузници за потиснување на џихадистите од градот Мосул, кое е нивно последно големо упориште на територијата на Ирак.
Во соопштението се посочува дека ова прествува „огромен и важен успех“, бидејќи низ Бааџ минуваше главната врска на борците на ИД во Ирак со нивните истомисленици во Сирија.
Борците на Силите за народна мобилизација се вклучени во офанзивата на ирачката армија против ИД во Мосул, што започна лани во октомври, и тие претежно дејствуваат во реоните западно од градот со задача да ги прекинат каналите за снабдување на џихадистите.
Ново на Сител
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
