Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.
На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани.
Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата.
На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка.
Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата: „Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.
Граѓаните извикувале „Србија“ и „Пуштете ги сите“. Една студентка преку мегафон ги предупредила граѓаните дека пристигнува полициско засилување, кое ќе им пријде на граѓаните од грб, што предизвикало немир меѓу собраните.
Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарна власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за уште 30 дена.
Уште шестмина активисти на СТАВ се товарат за исто дело, а тие во моментот на апсењето се наоѓале во странство, каде што се и денес.
Сите се обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на режимските телевизии на 14 март. Бранителите на обвинетите во повеќе наврати тврдеа дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) разговорот го прислушувала незаконски и додадоа дека аудио снимката не може да биде правно валиден доказ во тој процес.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор