Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни
Претседателот на Србија и член на Српската напредна странка Александар Вучиќ денеска изјави дека властите нема да организираат митинг на 28 јуни, на Видовден, бидејќи не сака конфликти со студентите во блокада, кои најавија протест во Белград за тој ден.
Вучиќ, во гостување во Утринскиот дневник на Радио и телевизија на Србија, рече дека претставниците на властите не сакаат да креваат тензии.
Според него, СНС никогаш не организирала контрасобири, па затоа нема да го стори тоа ниту на Видовден.
„Размислуваме за Нови Сад, без разлика дали на 28 јуни или на 5 јули. Секако сакаме да избегнеме конфликт бидејќи сме одговорни луѓе“, рече Вучиќ и додаде дека за три месеци „физички ќе ги брани блокадерите од нападите на огорчениот народ“.
Студентите во блокада најавија дека ќе организираат протест во Белград на Видовден, а вчерадел од српскките медиуми објавија дека СНС исто така планира да одржи митинг во тој ден.
Ново на Сител
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
-
Во Собрание седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола