Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес. На лице место се екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата.
Како што информира Град Скопје, за ваков тип хаварија, покрај паричната казна за сторителот од 45 000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.
Град Скопје апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.
-Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице „Екопор“ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, наведува Град Скопје.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР