Гуштер од скоро 2 метри во потрага по храна во супермаркет во Тајланд | ВИДЕО
Во супермаркетите може да се видат секакви сцени, но не и гуштери од скоро 2 метри кои ползеа по полиците во продавницата во Тајланд.
Тие ползеа по полиците барајќи храна, а клиентите кои се нашле во маркетот воопшто не биле воодушевени, па почнале да викаат од страв и неверување.
Нарумпа Тангсин, кој ја снимил неверојатната сцена, вели дека не смеел да им приоѓа на влекачите затоа што можат да бидат опасни доколку се налутат.

"Застанав кратко за да купам нешто за јадење, кога видов огромен гуштер, сакав да земам пијалок, но влекачот стоеше премногу близу. Тие се опасни, особено ако се лути, па затоа останав поназад. Маркетите се чини дека имаат сè, дури и гуштери “, рече тој.
Персоналот и клиентите се криле зад касата, додека животните туркале предмети и пустошеле низ маркетот.
Продавачот повикал полиција, која пристигнала со експерти кои ги фатиле влекачите.
Се верува дека тие влегле во маркетот во потрага по храна бидејќи суво време со многу малку дожд владее во Тајланд веќе неколку месеци, пренесува Мирор.
Азиските гуштери живеат во канали и мочуришта во близина на поголемите градови во Тајланд каде се хранат со риби, жаби, змии, но и со остатоци од храна оставена од луѓе.
Доколку се чувствуваат загрозено, можат да бидат многу агресивни, а нивниот залак може да содржи бактерии опасни за луѓето.
Ново на Сител
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
-

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра
-

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд
