Груевски: Темелна реконструкција на пет болници и изградба на нова во Штип
Со средства во висина од околу 40 милиони евра во текот на наредниот период треба да почне изградбата на Клиничката болница во Штип и темелни реконструкции на болницата Свети Еразмо во Охрид, на болниците во Битола и Прилеп, на Клиничката болница за хируршки болести Свети „Наум Охридски“ во Скопје, а веќе е започната реконструкцијата на болницата во Кичево.
- Тие значително ќе ја подобрат инфраструктурата на болниците во Република Македонија. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони евра која ќе се заврши во наредната една година, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен темелникот за изградба на нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Реконструкцијата на петте и изградбата на нова болница во Штип треба да почнат до крајот на годината и да завршат за период од околу една година.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата